Рудигер паузира од шест до осум недели

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рудигер паузира од шест до осум недели

Поради парцијално кинење на задниот менискус на левата нога, дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе мора да паузира од шест до осум недели. Секако за ова ќе биде потребна мини операција, што практично вели дека за него сезонава дефинитивно е завршена.

Ова е секако уште еден удар во редицата кои Реал Мадрид ги доби периодов, а главни нормално се испаѓањето од Лигата на Шампионите, губењето на Купот на Шпанија од Барселона, дефинитивното заминување на Карло Анчелоти од тренерското место, губењето на чекорот во битката за титулата итн….

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата