Росениор ја дозна својата судбина во Челзи!

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Росениор ја дозна својата судбина во Челзи!
ФОТО:facebook.com/ChelseaFC/

По катастрофалните резултати на тимот под негово водство, а посебно по таа бламажа вчера од Брајтон, се очекуваше раководството на Челзи денеска да му врачи отказ на Лиам Росениор. Сепак ништо од тоа, барем до недела, и мечот со Лидс во полуфиналето од ФА Купот.

Англичаните тврдат дека на Росениор му е дадена уште една шанса и дека натпреварот против Лидс Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот ќе биде клучен за него.
Ако победи, Росениор останува тренер, но ако загуби, тогаш за него е завршено во овој клуб, пишуваат Англичаните. Челзи е во лоша серија во Премиер лигата, а ги загубија последните пет натпревари во ова натпреварување.
Полека „паѓаат“ од борбата за место во Лигата на шампионите, а Ливерпул им бега со седум бода. Алармантно е што во последните пет натпревари Челзи не постигна ниту еден гол.
Тоа е прв пат од 1912 година да се случи такво нешто, и секако тоа доведе до големо незадоволство кај навивачите.
И покрај неговата загрижувачка форма, челниците на Челзи решија да му дадат уште една шанса на Росениор.
Тој потпиша договор од шест и пол години со овој клуб во јануари, но веќе се чини дека тоа била лоша одлука.
Челзи ќе мора да му плати околу 24 милиони евра за веднаш да го отпушти, доколку одлучат да го направат тој потег. Сепак, тој може да ја задржи работата ако успее да го победи Лидс Јунајтед во ФА Купот, но и како игра неговиот тим е под знак прашалник.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата