Роналдо: Трамп може да го промени светот

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо: Трамп може да го промени светот
фото: Al Nassr (X)

Кристијано Роналдо во интервју во неговиот дом во Саудиска Арабија зборуваше и за Доналд Трамп, кој доби пак комплименти од португалскиот напаѓач. Роналдо беше прашан за дресот што му го подари на Трамп во јуни, со пораката „игра за мир“. Роналдо објасни како ова првенствено е поврзано со обидите на Трамп да донесе мир во Газа.

„Тој е еден од оние што можат да го променат светот“, рече Роналдо.

Во истиот разговор, Роналдо потсети и дека наскоро ќе се пензионира.

„Ќе биде тешко, веројатно ќе плачам затоа што сум емотивна личност. Ја подготвувам мојата иднина уште од моите 25, 26, 27 години и мислам дека ќе можам да го издржам тој притисок“, заклучи Роналдо.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата