Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Роналдо: Останувам во Ал Наср, оваа лига ќе биде во ТОП 5 во светот

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кристијано Роналдо потврди дека ќе остане во Ал Наср и следната сезона. 

Напаѓачот дојде во тимот од Саудиска Арабија во јануари оваа година, но откако клубот не успеа да ја освои титулата во домашното првенство се појавија шпекулации за заминување на Португалецот. 

„Мислам дека лигата е многу добра, но имаме уште многу простор да растеме. Мислам дека оваа лига е добра, конкурентна. Имаме многу добри тимови, имаме многу добри арапски играчи. Сепак, мислам дека треба малку да се подобри инфраструктурата. Дури и судиите, ВАР системот… Треба да бидат малку побрзи, неколку ситници на кои треба да се поработи. Јас сум среќен овде, сакам да останам овде и ќе останам овде“, вели Роналдо. 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ