Роналдо нуди играч од Реал Мадрид за Ал-Наср

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо нуди играч од Реал Мадрид за Ал-Наср

Кристијано Роналдо, капитенот на Ал-Наср, му предложи на раководството на саудискиот клуб да го привлече Антонио Ридигер од Реал Мадрид.

Информацијата ја објави веб-страницата Fichajes, која додава дека португалскиот интернационалец верува дека привлекувањето на искусниот централен дефанзивец ќе ја донесе посакуваната стабилност во одбраната на клубот од Ријад, кој се соочува со тешкотии во трката за титулата во Саудиска Арабија.

Германскиот интернационалец е на крајот од договорот со „белиот балет“ и затоа е во позиција да преговара со други клубови, а во моментов нема информации за евентуално обновување на неговиот договор.

И покрај наводната намера на Ал-Наср веднаш да се обиде да го обезбеди 32-годишниот играч, најверојатното сценарио е тој да остане на Бернабеу до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата