Кога сме кај еден од најдобрите фудбалери во историјата еве еден податок кој по малку е шокамнтен. Имено ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, не успеа да постигне хет-трик во една календарска година, се мисли на 2025, за првпат по 16 години. Последен пат ова се случи во 2009 година, кога Португалецот играше за Реал Мадрид. Во 2025 година, Роналдо постигна 41 гол, но немаше хет – трик.
На 28 декември, напаѓачот беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток за сезоната 2024/25 на доделувањето на наградите „Глоуб Сокер“.
40-годишниот Роналдо досега одигра 1.303 натпревари и постигна 957 голови, од кои 143 за португалската репрезентација.
Роналдо претходно играше за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
sportmedia.mk

