Роналдо на денот кога наполни 41 година повторно го шокира светот!

5.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо на денот кога наполни 41 година повторно го шокира светот!
фото: AlNassr FC (X)

Денеска Кристијано Роналдо полни 41 години, и сеуште нема намера да од во играчка пензија. Му недостигаат уште 31 гол до “фамозната“ илјадарка, сепак во преден план деновиве е неговиот бунт во С. Арабија. Имено поради се она што се случува тамошниот фудбал, тој еден натпревар за својот Ал Наср прескокна, а во денот на својот роденден, Португалецот уште еднаш го шокираше фудбалскиот свет.

Фрустрациите на напаѓачот се влошија со неодамнешниот трансфер на Карим Бензема во Ал-Хилал, за кој Роналдо верува дека ја поткопува конкурентската позиција на Ал-Наср во лигата. Извори сугерираат дека доколку ситуацијата со Јавниот инвестициски фонд (PIF), кој ги надгледува инвестициите на клубот, не се подобри, Роналдо би можел да се обиде да го напушти Ал-Наср на крајот од сезоната. Роналдо денеска повторно го потресе фудбалскиот свет. Имено, тој одби да игра на дербито против Ал-Итихд, кое е закажано за петок.
Извори на странски медиуми наведуваат дека не станува збор за повреда и нема друго објаснување, туку дека тој само го продолжува својот штрајк. Роналдо дури и не го одигра и последниот натпревар.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата