Романија во тага: Почина двојниот освојувач на „Златната копачка“!

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Романија во тага: Почина двојниот освојувач на „Златната копачка“!
ФОТО:screenshot

Фудбалска Романија е во тага. Легендарниот фудбалер Дуду Џорџеску, почина на 76-годишна возраст. Поранешниот напаѓач живееше во Торонто во последните години, а поранешните соиграчи и ривали испратија бројни пораки со сочувство по неговата смрт.
Најдобар стрелец во историјата на првата лига на Романија (252 гола), тој остави најдлабок белег во Динамо Букурешт, за кој постигна 207 гола во 260 настапи. Дресот на репрезентацијата го носеше 40 пати со 21 гол.
Ја освои Златната копачка на Европа во 1975 и 1977 година, кога остави зад себе имиња како Дитер Милер, Руд Гелс и Бела Варади. Интересно е што Џорџеску е единствениот, покрај Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кој успеа да постигне 47 или повеќе голови во една лигашка сезона. Тоа објаснува каков голгетер бил тој.
Според канадските медиуми, започната е истрага за да се утврдат околностите на смртта.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата