Факт е дека Роберт Левандовски, кој важеше и важи за еден од најдобрите напаѓачи во текот на последните 15 години е во поддмимнати години, има 37, и дека во јуни следната година му истекува договорот со Барселона.
Исто така факт е дека тој добива понуди за продолжување на кариерата ид С.Арабија, Премиерлигата, но неговата желба е да остане барем уште една сезона во Барселона. На полскиот фудбалер и неговото семејство им се допаѓа животот во сончевата Барселона, но сепак раководството на каталонската гордост нема намера истиот да го продолжи и поради платата што ја добива Левандовски.
Според медиумите во Шпанија, тој нема намера да се сели од Барселона, па макар понудите биле и тоа како добри со него, па така во случај ако не добие продолжување на договорот од Барса, тој играчки ќе се пензионира ама ќе остане да живее во градот Барселона.

