Риера: Можеби не нè сакаат во Европа!

16.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Риера: Можеби не нè сакаат во Европа!

Тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера, одржа прес-конференција по шокантниот и недозволив пораз на српскиот шампион од Лугано.

Швајцарскиот тим славеше со 3:2 на домашен терен во првото коло од Конференциската лига, а шпанскиот стручњак очигледно имаше забелешки за судењето.

„Катастрофа! Ќе се обидам да останам смирен. Тимот има потреба од мене, УЕФА ќе ме суспендира, но сакаме да се истражи зошто испаднавме од Лигата на Европа кога голманот сам падна. Сакам да се натпреварувам, но УЕФА мора да го истражи ова. Можеби не нè сакаат во Европа. Можеме да зборуваме за фудбалот, но…“, изјави Риера.

Црвена Звезда ги прими головите по сопствени грешки.

„Тие немаа многу шанси, а ние многу брзо ја враќавме топката во наш посед. Фудбалот е игра на грешки, а доколку ги немаше, резултатот ќе беше 0:0. Тие се случуваат и мораме да ги намалиме. Не прифаќам некои грешки, но за првиот гол, кој беше последица на грешката на Гудељ, јас сум виновен. Сакам играчите да имаат контрола над топката.

Мораме да видиме како противникот ги создаваше шансите. Немаше многу, сите дојдоа по втора или трета топка. Ние контролиравме сè, тие страдаа, но имавме водство од 3:1, а Диенг промаши чиста шанса. Има многу позитивни работи, но ме боли тоа што ни го прават судиите во Европа. Не сакам да го прифатам ова. Сакам да му честитам на противникот кога е подобар, но по ова не можам“, истакна шпанскиот тренер.

Риера нагласи дека не бил нервозен поради играта на своите избраници, туку дека заморот имал големо влијание врз нивната игра.

„Не, јас не го гледам тоа така. Физички бевме уморни. Кога сте уморни, не размислувате на ист начин. Загубивме неколку топки. Како ги загубивме тие топки? Ништо друго, немаше причина да бидам нервозен. Го контролиравме натпреварот. Кога сте уморни и грешите во додавањата, лесно ја губите топката. Им дадовме некои витамини, но… Не бев нервозен, едноставно бевме уморни.

Сакам да кажам уште нешто. Играчите кои влегуваат од клупата мора да дадат повеќе. Тие треба да се подобрат. Мораме да обрнеме малку повеќе внимание на тоа“, порача Риера.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата