Револуција во Германија: Судиите ќе им ги објаснуваат своите одлуки на навивачите!

27.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Револуција во Германија: Судиите ќе им ги објаснуваат своите одлуки на навивачите!

Топ-тема во изминатите два дена во фудбалска Германија е одлуката да се примени пилот -проект со кој судиите ќе им ги објаснуваат своите ВАР одлуки на гледачите на трибините и тоа преку звучници кои се поставени на стадионите. Ова ќе можта да го следат и гледачите покрај ТВ екраните.

Ова ќе започне уште во претстојниот викенд. Повеќе клубови се сложиле токму на нивните натпревари да се изврши овој експеримент.

Од оние од елитната лига тоа се Леверкузен, Баерн Минхен, Лајпциг, Дортмунд, Фрајбург…

Со ова сакаме дополнително да ја зголемиме транспарентноста на судиските одлуки да осигураме поголемо разбирање кај фановите. Гледачите на трибините и оние покрај ТВ екраните ќе добијат увид во процесот на одлучувањето на судиите после секоја интервенција на ВАР системот“ велат надлежните.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата