Шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминај доживеа вистинска ренесанса со доаѓањето во Италија во дресот на Наполи. Имено, тој синоќа на мечот со Џенова имаше нови две асистенции ремито од 2-2 со Џенова.
Во само 32 натпревари од сезоната во Серија А, играчот од средниот ред на Наполи веќе нанижа 11 гола и 4 асистенции.
Интересно, додека беше на Островот, шкотскиот репрезентативец имаше ист број асистенции во дури осум сезони во Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, каде што одигра 178 натпревари и постигна 19 голови.