Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем „кикс“ во 25-то коло од шпанската Ла Лига, откако на гостувањето во Памплона загубија од Осасуна со 2:1.
Реал со тоа го загрози своето прво место на табелата, бидејќи остана само два бода пред Барселона, која утре игра дома со Леванте.
Анте Будимир го постигна голот за Осасуна во 38-та минута од пенал со кој му донесе водство на домашниот тим од 1:0. Реал се мачеше во остатокот од натпреварот, но успеа да постигне гол и да израмни во 73-тата минута. Федерико Валверде му асистираше на Винисиус Жуниор, а Бразилецот израмни на 1:1.
Шок за кралскиот тим стигна во 91-та минута од играта, кога поранешниот фудбалер на Атлетико (М), Раул Гарсија постигна гол по асистенција на Мора за конечни 2:1 за Осасуна.

