Реал му честиташе на Англичанецот: „Златната топка“ заслужено ја освои Кејн!

27.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал му честиташе на Англичанецот: „Златната топка“ заслужено ја освои Кејн!
фото: FC Bayern @FCBayernEN (X)

Клупската телевизија на Реал Мадрид ја оцени победата на Хари Кејн во изборот за „Златната топка“ како заслужена, и покрај тоа што мадридскиот клуб се надеваше дека признанието ќе му припадне на Килијан Мбапе. Англискиот напаѓач на Баерн Минхен ја освои престижната индивидуална награда, оставајќи го зад себе францускиот репрезентативец на Реал Мадрид.

Во директниот пренос од церемонијата, коментаторот на клупската телевизија на Реал му ја честиташе победата на Кејн, истакнувајќи дека Мбапе имал сериозни аргументи да се најде на врвот.

„Честитки за Хари Кејн. Тој е фантастичен фудбалер со импресивна кариера. Мбапе имаше основа да се надева на наградата, но победата на Кејн е несомнено заслужена“, беше пораката на коментаторот.

Иако навивачите на Реал Мадрид се надеваа дека нивниот напаѓач ќе ја освои наградата, од клупската телевизија порачаа дека за Мбапе ќе има нова можност во иднина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата