Барселона официјално го продолжи договорот со бразилскиот напаѓач Рафиња Дијас, кој ќе остане на „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година.
29-годишниот капитен на каталонскиот гигант ја потпиша новата соработка со претседателот Жоан Лапорта, со што Барселона ја осигура иднината на еден од своите најважни фудбалери.
Рафиња пристигна во клубот во јули 2022 година од Лидс Јунајтед. Досега има одиграно 190 натпревари во дресот на Барселона, на кои постигна 94 гола и забележа 62 асистенции.
Бразилецот се наоѓа во извонредна форма и во актуелната сезона 2026/27, со 19 погодоци – 15 во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.

