Рафиња го израмни рекордот на Роналдо

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рафиња го израмни рекордот на Роналдо
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо со 21 гол во една сезона во Лигата на шампионите. Сепак, испаѓањето на Каталонците од Интер ќе го спречи Рафиња да ја престигне португалската ѕвезда.

Рафиња го постигна еден од головите во поразот на Барса од Интер со 3-4 во елиминацијата од турнирот. Оваа сезона постигна 13 гола и запиша 8 асистенции.

Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога тој исто така учествуваше во 21 гол со тимот на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата