ПСЖ му нуди на Јамал 100 милиони евра годишно, плус бонуси!

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ му нуди на Јамал 100 милиони евра годишно, плус бонуси!
ФОТО: FC Barselona/X

Иднината на Ламине Јамал повторно го тресе европскиот пазар. ПСЖ го направи потегот со понуда надвор од пазарот која веќе е во рацете на агентот Жорге Мендес. Како што стојат работите, може да се очекува нова трансфер – сага ова лето. Парискиот клуб, предводен од Насер Ал-Келаифи, сака да биде уште посилен, а сега се фокусира на играчи кои играат за Барселона и кои се нејзин производ. ПСЖ подготвува чекор што ќе ја потресе Каталонија и светот на фудбалот. Откако го загуби Килијан Мбапе, францускиот клуб бара нова глобална икона. Тие го насочија погледот кон Ламин Јамал, кого го сметаат за природен наследник на фудбалскиот медиумски трон.
Понудата на ПСЖ до Барса е 350 милиони евра. Оваа бројка би го срушила секој историски рекорд на трансфер пазарот. Во Париз веруваат дека младоста и потенцијалот на играчите ја оправдуваат инвестицијата. Планот на ПСЖ не запира само на трансферот. Понудара за Јамал е уште поимпресивна. Тој би потпишал за десет сезони и би станал најплатениот фудбалер на планетата.
Во првата година, тој би добивал близу 100 милиони евра, со зголемување кое би достигнало 200 милиони во последната фаза од договорот. Моментално, крилниот напаѓач на „Блауграна“ заработува околу 15 милиони годишно, со додатоци кои ја зголемуваат неговата плата. Всушност, ПСЖ веќе му плаќа на Мбапе повеќе од 100 милиони годишно и нема проблем со тоа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата