ПСЖ ја доби “генералката“ со Тулуз пред дуелот со Ливерпул во ЛШ!

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ ја доби “генералката“ со Тулуз пред дуелот со Ливерпул во ЛШ!
ФОТО:.facebook.com/PSG/

Во првиот натпревар од 28-то коло од француската Лига 1, ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“ го победи тимот на Тулуз со 3:1 и се етаблираше на врвот на табелата со 63 бода, со натпревар помалку. Ова беше “генералка“ за европскиот првак пред дуелот од 1/4 финалето во ЛШ.
Парижаните поведоа во 23-тата минута, и тоа на каков начин! По центаршут од десната страна, еден од гостинските играчи ја шутна топката до работ на шеснаесетникот, но таа беше пречекана од Усман Дембеле и со неодбранлив лев волеј, испрати проектил во горниот лев агол од противничкиот гол – 1:0.
Водството на ПСЖ траеше само четири минути, а гостите израмнија по корнер од левата страна, што дојде по големата грешка на голманот Сафонов.
Тој гол не ги вознемири избраниците на тренерот Луис Енрике, кои повторно поведоа во 33-тата минута, а Дембеле повторно беше стрелец. На тој гол му претходеше корнер од десната страна, Кварацкелија со глава ја упати топката кон предната статива и ја додаде во шеснаесетникот, од каде што не му беше тешко на Дембеле да го постигне својот втор гол за 2:1.
До крајот, ПСЖ ја контролираше играта и резултатот, но немаше многу нови можности, сè додека во игра не влезе Гонзало Рамош, а „џокерот од клупата“ на Енрике постигна ефектен гол од околу 17 метри, од каде што ја погоди левата страна од противничкиот гол за конечни 3:1.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата