Провокација до Јунајтед со фото од Халанд: Нема ништо лошо да ја пуштиш косата!

11.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Провокација до Јунајтед со фото од Халанд: Нема ништо лошо да ја пуштиш косата!

Ветувањето на Френк Илет, навивач на Манчестер Јунајтед, кој одлучи да не се шиша додека „црвените ѓаволи“ не остварат пет последователни победи во октомври 2024 година, беше блиску до исполнување оваа недела. Сепак, ремито 1:1 на избраниците на Мајкл Карик против Вест Хем ја прекина серијата од четири победи и ги врати работите на почеток.

Ремито и одложеното шишање беа одбележани на социјалните мрежи — од американскиот профил на Манчестер Сити на кој стоеше фотографија од Ерлинг Халанд со пуштена коса, со опис: „Нема ништо лошо во тоа да си пуштиш коса.“

Објавата предизвика илјадници реакции за впечатливото ветување, кое повторно остана без јасен крај. Борусија Дортмунд исто така реагираше на враќањето на Илет на почетната точка, објавувајќи видео од шишањето на Марио Геце по освојувањето на Бундеслигата во 2011 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата