Претседателката на ФС на Норвешка со барање: Инфантино, поништи ја наградата за мир на Трамп!

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателката на ФС на Норвешка со барање: Инфантино, поништи ја наградата за мир на Трамп!
фото: Football Tweet (X)

По се она што се случува во светот, посебно откако беше извршена агресија врз Иран од страна на САД и Израел, некои работи и тоа како текстонски се пореметуваат. Доналд Трамп сега е означен како најголема закана за светскиот мир, а од него се откажуваат и оние кои пред две години беа во еуфорија кога по вторпат стана претседател на САД.

Инаку шокантно делуваше тоа што ФИФА, односно Џани Инфантино му додели на Трамп награда за мир. Токму затоа сега од првиот човек на ФИФА се бара таа награда да биде поништена.

Самато доделување на таа награда беше бизарно, па и смешно. Посебно откако таа награда не му донесе никому мир во светот.

Токму затоа од ФС на Норвешка, инаку земја која ќе игра на Мундијалот, директно побараа од претседателот на ФИФА да ја поништи наградата на човекот кој предизвика нови војни и немири на планетата.
„Сакаме таа награда да биде укината. Не веруваме дека е во надлежност на ФИФА да доделува таква награда. Веќе постои Нобелов институт кој се занимава со тоа независно“, изјави претседателката на Норвешката федерација, Лиза Клавенес, и додаде:
„Веруваме дека е важно фудбалските асоцијации, конфедерациите и ФИФА да избегнуваат ситуации во кои нивната независност од државните лидери може да биде доведена во прашање. Ваквите награди лесно можат да станат политички ако нема соодветни механизми и експертиза за да се гарантира независноста на процесот. Формирањето на жирито и критериумите за избор е работа што бара целосна посветеност. Тоа е многу чувствително прашање. Кога ќе го погледнете од перспектива на ресурси, мандат и пред сè управување, мислам дека ова треба да се избегнува во иднина“, изјави Клавенес.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата