По серија од пет натпревари без победа во Премиер лигата (4 ремија и еден пораз) екипата на Ливерпул конечно славеше. Вечерва на домешен терен во последниот саботен дуел од 24. коло, „црвените“ извојуваа победа од 4:1 над екипата на Њукасл и се вратија меѓу петте најдобри тимови на табелата.
Њукасл почна одлично. Ј апогоди стативата од голот на Алисон од слободен удар, а потоа со еден прекрасен погодок Гордон успеа да донесе голема радост за гостите – 0:1. Од овој гол, па до крајот на полувремето, момците на Арне слот ги презедоа конците во свои раце и успеаја да направат целосен пресврт благодарение на двоецот Вирц-Екитике. најпрво Вирц асистираше за екитике да израмни на 1:1, а потоа во уште една добра акција на Германецот, керкез беше асистент за Екитике за 2:1.
Во вториот дел и самиот Вирц се запиша во листата на стрелци, по асистенција на Мо Салах, додека Ибрахима Конате во судиското продолжение ги постави конечните 4:1.

