Последно „Ел Класико“ за Анчелоти: Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши!

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последно „Ел Класико“ за Анчелоти: Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши!

За тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денешното „Ел Класико“ ќе биде последно. Тој е убеден дека неговите играчи имаат сила да ја победат Барселона со што ќе ја намалат разликата во однос на лидерот и ќе ги оживеат шансите за титулата во Ла Лига. Сепак, „кралевите“ губат, барем психолошки, откако ги загубија сите три дуели со Каталонците досега оваа сезона.

„Играњето против Барселона е нешто посебно, но не би рекол дека противникот е фаворит. Уверени сме дека можеме да победиме. Сите наши натпревари против Барселона досега беа комплицирани, но оној за Купот на Шпанија беше најмалку комплициран. Мораме добро да се браниме бидејќи играчите на Барселона го блокираат противникот на својата половина. Но, нема совршени тимови. Имаме доверба дека можеме да ги надминеме.

Мојот меден месец со овој клуб никогаш нема да заврши. Заедно со Милан, ова се тимови блиски до моето срце. Страста е на почетокот, но потоа доаѓаат други работи – како љубовта. Ќе биде вака до последниот ден од мојот живот“, изјави Анчелоти. 

Искусниот стратег зборуваше и за Чаби Алонсо.

„Ова е нашиот најлесен натпревар од мотивациска гледна точка. Прочитав дека го напушта Баер Леверкузен. Тој заврши неверојатна работа таму и вратите се отворени за него бидејќи докажа дека е еден од најдобрите во светот“. 

Анчелоти потенцира колку е тешко да се освои Ла Лига, но заедно со неговите момци не се предаваат.

„Многу е тешко да се освои Ла Лига – потребна е упорност. Барселона моментално има повеќе шанси, но ако победиме…“. 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата