Почна „кастрењето“ на Бразил: Анчелоти ги прецрта Нејмар и Каземиро, одбра осум дебитанти

10.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна „кастрењето“ на Бразил: Анчелоти ги прецрта Нејмар и Каземиро, одбра осум дебитанти

Карло Анчелоти го објави првиот список на бразилската репрезентација по Светското првенство во 2026 година и веднаш покажа дека сериозно ја започнува најавената реконструкција на „Кариоките“. На списокот за пријателските натпревари против Австралија и Индија има 26 фудбалери, меѓу кои дури осум дебитанти. Просечната возраст на тимот е значително намалена, од 28,8 на 24,4 години.

Нови имиња се голманите Педро Мориско и Отавио, дефанзивците Артур Диас и Жаир Куња, бековите Матјеузињо и Мауро Жуниор, како и играчите за врска Брено Бидон и Габриел Бонтемпо.

Анчелоти, сепак, не се откажа целосно од поискусните играчи. Во составот се Винисиус Жуниор, Рафиња, Маркињос, Габриел, Бруно Гимараеш и Даглас Сантос, додека тука се и младите ѕвезди Ендрик, Естевао и Рaјан.

Од друга страна, на списокот го нема Нејмар, како и неколку други ветерани кои беа дел од претходниот циклус. Анчелоти со тоа јасно покажува дека сака навреме да започне со создавање на тимот кој треба да го носи Бразил кон следниот Мундијал во 2030 година.

СПИСОК НА БРАЗИЛ:

Голмани: Уго Соуза, Педро Мориско, Отавио.

Одбрана: Артур Диас, Даглас Сантос, Габриел Магалеш, Жаир Куња, Маркињос, Матјеузињо, Мауро Жуниор, Витор Реис, Весли.

Среден ред: Андреј Сантос, Брено Бидон, Бруно Гимараеш, Данило, Даглас Луиз, Габриел Бонтемпо.

Напад: Ендрик, Естевао, Жоао Педро, Педро, Рафинја, Рајан, Самуел Лино, Винисиус Жуниор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата