Цели седум години откако трагично го загуби животот во авионска несреќа, случајот околу Емилиано Сала, тогашниот фудбалер на француски Нант конечно заврши.
Францускиот трговски суд донесе одлука по случајот во кој тимот на Кардиф нема право на одштета на конто на тимот на Нант која што ја бараше сиот овој изминат период на разни инстанци.
Кардиф бараше 120 милиони евра обештетување по разни основи и судови, но на крајот не само што не доби ништо туку треба да плати 480.000 евра како оштета на Нант, и 120.000 евра судски трошоци.
Ова е само потврда на одлуките на ФИФА, судот за спортска арбитража и швајцарскиот врховен суд, кој што пресудија во полза на Нант во случај кој шшто трае од 2019 година.
Тогаш, 28. годишниот аргентинец направи трансфер од Нант во Кардиф, но на пат за Велика Британија доживеа авионска несреќа во која загина и тој и пилотот на авионот. Тој трансфер вредеше 17 милиони фунти.

