По хет-трикот против Сити: Валверде ја доби најважната “десетка“ во фудбалот!

12.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По хет-трикот против Сити: Валверде ја доби најважната “десетка“ во фудбалот!
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Капитенот на Реал Мадрид, Феде Валверде синоќа одигра фантастичен натпревар против Манчестер Сити. Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Реал победи со 3:0 дома, а уругвајскиот универзалец постигна „хет-трик“ и тоа во првото полувреме, иако головите не се негова специјалност.
Пофалбите за неговата игра се повеќе се тука а познато е што рече тренерот на Реал, Алваро Арбело Инаку синоќа Валверде стана само 20-тиот играч во историјата чија игра беше оценета со совршена 10 од парискиот „Л`Екип“, најпочитуваниот спортски медиум во светот!
„Капитенот на Реал одигра совршен натпревар. Само во првото полувреме, за 22 минути тој постигна хет-трик против Манчестер Сити. Тој одржа „’masterklas’ достоен за оценка 10/10“, пишуваат Французите.
Л`Екип“ даде совршена „десетка“ по 22-ри пат во историјата. Со оглед на тоа што Меси и Халанд ја добија таа оценка по двапати, тоа значи дека само 20 фудбалери ја заслужија.

Фудбалерите кои добиле оценка 10 од „Л`Екип“:

1. Франк Соузи, Франција U21 – Грција U21 3:0, 1988

2. Бруно Мартини, Франција U21 – Грција U21 3:0, 1988

3. Олег Саленко, Русија – Камерун 6:1, 1994

4. Ларс Виндфелд, Архус – Нант 1:0, 1997

5. Лионел Меси, Барселона – Арсенал 4:1, 2010

Барселона – Леверкузен 7:1, 2012

6. Роберт Левандовски, Дортмунд – Реал 4:1, 2013

7. Карлос Едуардо, Ница – Генгамп 7:2, 2014

8. Нејмар, ПСЖ – Дижон 8:0, 2018

9. Душан Тадиќ, Ајакс – Реал 4:1, во 2019 година

10. Лукас Моура, Тотенхем – Ајакс 3:2, 2019 година

11. Серж Гнабри, Баерн – Тотенхем 7:2, 2019

12. Килијан Мбапе, Франција – Казахстан 8:0, 2021 година

13. Албан Лафонт, Нант – ПСЖ 3:1, 2022 година

14. Ерлинг Халанд, Сити – Јунајтед 6:3, 2022 година
Сити – Лајпциг 7:0, 2023 година

15. Доминик Ливаковиќ, Хрватска – Бразил 1:1 (4:2 на пенали), 2022 г.

16. Адемола Лукман, Аталанта – Леверкузен 3:0, 2024

17. Донован Леон, Оксер – ПСЖ 0:0, 2024

18. Дезире Дуе, ПСЖ – Интер 5:0, во 2025 година

19. Жоао Невеш, ПСЖ – Тулуз 6:3, 2025

20. Феде Валверде, Реал – Сити 3:0, 2026 година


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата