Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на кралот по четвртипат во историјата, а вторпат во 21 век, откако го кренаа овој голем трофеј и во сезоната 2019/2020.
Тие вечерва го победија Атлетико Мадрид во финалето на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља по подобро изведување на пенали. По 90 минути фудбал, резултатот беше 2:2, а таков остана и по продолженијата, па Баскијците победија на пенали со резултат 4:3.
Голманот Унаи Мареро беше херој, одбрани пенали на Серлот и Хулијан Алварез. Во Сан Себастијан ќе има прослави со денови, а Атлетико претрпе болен удар, само четири дена откако стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите над Барселона.

