Денеска на програмата се осум средби од полуфиналето од плеј – офот за пласман на претстојниот Мундијал кој се одржува од 11 јули до 19 јули ова лето во САД, Канада и Мексико. За последните четири “визи“ од Европа, конкурираат 16 селекции, меѓу кои и Македонија која вечерва игра со Данска во Копенхаген.
Интересно ќе биде на сите осум средби, сите се во терминот од 20:45 часот освен таа меѓу Турција и Романија која почнува од 18 часот.
Инаку познати се можните финалиња, во случај Македонија да ја мине Данска тогаш во финалето ќе игра со победникот од мечот Чешка – Р.Ирска
Ќе биде интересно што ќе направи Италија, гигантот во светскиот фудбал, ако се знае дека на последните две светски првенства не настапи, а за тоа во Катар виновна е Македонија.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
Турција – Романија (18:00 Ч)
Словачка – Косово (20:45 Ч
………………………………………….
Чешка – Р.Ирска (20:45)
Данска – Македонија (20:45 Ч)
……………………………………………
Италија – С.Ирска (20:45 Ч)
Велс – БиХ (20:45 Ч)
……………………………………………..
Полска – Албанија (20:45 Ч)
Украина – Шведска (20:45 Ч)

