Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Перишиќ со пцовки кон соиграчот, Далиќ се огласи (ВИДЕО)

26 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веќе во првото коло во квалификациите за ЕП во Германија, репрезентацијата на Хрватска доживеа кикс во Сплит. Велс со единствениот шут на голот во 93 минута замина со реми 1-1.

Фудбалерите на Хрватска имаа бројни шанси на овој меч, а по една таква Иван Перишиќ испрати сочни пцовки до соиграчот, Крамариќ, кој наместо да асистира за сигурен погодок, одлучи сам да ја заврши акцијата. Не успеа да ја затресе мрежата, а од усните на Перишиќ можеше да се прочита: Оди во к**ац…да ти е**м…

Овие зборови и дел од пцовките се кажани во афект, но во хрватските медиуми се дигна фама, па на оваа тема говореше и Златко Далиќ.

„Ако Крамариќ ја подадеше топката, Перишиќ сам ќе тргнеше на голот. Понекогаш играчите не реагираат како што сакаме, кога ќе постигнете гол, тоа е во ред. Мора да се почитуваме, тоа беше одлична ситуација за гол, не игравме и бевме казнети, мора да го почитуваш соиграчот, тоа го правиме во повеќето случаи, но сега не“, изјави селекторот Златко Далиќ по натпреварот, како одговор на едно од првите прашања на хрватските новинари.

Погледнете детали од натпреварот:


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ