На годишната седница на Собранието на Реал, првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, остро ги критикуваше практично сите нивоа на фудбалот во светот, а особено се наврати на проблемот со УЕФА.
„Не е вистина дека сме против сè, туку сме против она што е нелегално и неетичко. Не е ниту нормално ниту легално да се обидувате да им ја одземете можноста на клубовите сами да организираат турнири. Не е нормално УЕФА да се обидува да ја одреди нашата судбина или да нè принудува да играме натпревари во формати што не се добри за навивачите. Никој не може да нè казни – клубовите се слободни, како што покажува пресудата. Имаме две права – правото на обештетување кое се мери во милијарди евра и правото да го воспоставиме нашето натпреварување, и ве уверувам дека ќе ги искористиме обете права. Но, имајте на ум дека УЕФА се грижи за своите гласачи. Затоа нè принудуваат да играме натпревари во Азија или на границата со Кина. Тоа не е нормално во 21 век, а самото гледање фудбал станува премногу скапо“, рече Перез.

