Пеп за Халанд: “Не знам кога ќе може да сметаме на него!“

1.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пеп за Халанд: “Не знам кога ќе може да сметаме на него!“
ФОТО: Manchester City/FB

Иако Ерлинг Халанд не беше во тимот на Манчестер Сити на дуелот со Лидс, сепак составот на Пеп Гвардиола успеа со голот на Семењо да слави со 0:1. Норвежанецот е повреден и не се знае кога ќе се врати во составот на “граѓаните“.

Ова и Пеп го потврдува:
„Кога ќе можеме да сметаме на Халанд? Навистина не знам. Пред два дена почувствува нешто на тренинг, не е ништо сериозно, но мора да почекаме“, рече енигматичниот Пеп.
За среќа на Сити, Антоан Семењо повторно се појави и го постигна единствениот гол во победата над Лидс.
Сити го пречекува Нотингем Форест во вторник, потоа гостува кај Њукасл во ФА Купот, а потоа го пречекува Реал Мадрид на 11 март во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Засега, планот со Халанд не е познат, но судејќи според претходните ротации на Пеп Гвардиола, ако Норвежанецот се опорави, прво би играл против Форест и би се одморал во Њукасл, пред Реал Мадрид.

Но, прашањето е дали ќе биде подготвен веќе во вторник.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата