Пеп Гвардиола синоќа по убедливиот пораз од Реал (М) во првото осминафинале од Лигата на шампионите, изјави дека резултатот од натпреварот кој го одиграа неговите момци е катастрофален.
„Резултатот е катастрофален. Имаме уште 90 минути до крајот. Противникот три пати во првото полувреме стигна до голот – и постигна три гола благодарение на својата вештина. Тие секогаш добро играат во контранапад. Многу пати стигнавме до голот, но ни недостигаше последното додавање. Тие се бранеа многу добро, многу сигурно, многу длабоко. Резултатот е непријатен, сега е време за вечера и одмор. Мислам дека натпреварот не беше толку лош како резултатот. Ќе се обидеме да изградиме добар моментум во реваншот“, изјавил Гвардиола.

