Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

Во последниот дуел од денешната Примера програма,екипите на Алавез и Осасуна одиграа реми 2:2.

Дуелот стартуваше со гостинско водство, а стрелец е Рослер кој погоди во четвртата минута.

Домаќинот преку Мартинез во 44. минута израмни на 1:1, но во последните десет минути имаше доста возбудувања.

Досуден пенал за Осасуна во 80. минута, а сигурен реализатор беше Анте Будимир. Сепак, иако гостите помислија на полн плен тоа не се случи. Алавез исто така доби удар од белата точка, а сигурен реализатор во деведесеттата минута беше Лукас Боје.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата