Она што се најавуваше како решение изминатите неколку дена, предмалку доби и официјализација.
Вељко Пауновиќ е наследникот на Драган Стојковиќ на клупата на фудбалската репрезенатција на Србија.
Откако Пикси си замина по поразот од Албанија на домашен терен, србите бараа решение за неговата замена, а одлуката падна на Пауновиќ, кој што беше и фаворит на јавноста.
Вељко Пауновиќ е човекот кој на Србија и донесе светска титула до 20 години своевремено, и од него се очекува да го врати култот на националниот тим кој што е загубен изминатиот период.
Тој како што е добро познато е роден во Струмица, а неговата мајка е македонка.

