Тимот на Партизан по долго време сезонава има шанса да биде првак на Србија. Црвена Звезда во моментов нема таков сигурен статус дека повторно ќе биде број еден кај нашиот северен сосед, па Партизан гледа сериозна шанса во сето тоа.
Аналогно на оваа ситуација, менаџментот на клубот, одлучи зимава да доведе две екстра засилувања во името на Саша Здјелар, и Стефан Митровиќ.
Здјелар се враќа на ЈНА по четири години, а во кариерата го носеше дресот и на ОФК Београд, Олимпијакос, Зенит, Мајорка, ЦСКА Москва….
Што се однесува пак до Митровиќ, тој е веќе во зрели играчки години има 35. веќе, а во кариерата беше дел од Кортријк, Бенфика, Ваљадолид, Фрајбург, Стразбур, Гетафе, Гент….

