Повторно истата приказна се повторува, по четврти пат. Пример за типичен тренерски кукавичлук. Едноставно човекот не знае како.
Се разбира дека се мисли на Микел Артета, менаџерот на Арсенал.
Пред 11 дена, Доминик Собослај со ефектен слободен удар му носи водство на Ливерпул против Манчестер Сити во 74-тата минута, а на табелата „во живо“, Арсенал е +9 во споредба со Сити.
Во Северен Лондон владее еуфорија, титулата што се чека од 2004 година се чини дека никогаш не е поблиску, но „граѓаните“ магично се враќаат и го добиваат тој натпревар со 1:2, а потоа Арсенал не успева да ги победи Брентфорд (1:1) и „фенерите“ Вулверхемптон (2:2) во нивните следни два дуела.
Ситуацијата на табелата по синоќешниот недозволен кикс против Вулверхемптон е таква што „топџиите“ се први со 58 бода од 28 натпревари, а Сити се втори со 53 бода од 27 натпревари.
Значи, Арсенал повеќе не е недопирлив, Пеп Гвардиола влезе во позицијата што ја обожава, за самиот да ја одлучи судбината на шампионатот, а Микел Артета е во голем проблем и под огромен притисок да не ги повтори претходните три сезони.
Да потсетиме, во последните три сезони, Арсенал беше во борба за титулата, но секој пат завршуваа на второто место. Сега неговата титула веќе беше запишана, но…
Артета го има најдобриот состав на светот, не најдобрите играчи поединечно, но никој нема толку квалитетна ширина во тимот како него. Тој доби сè што сакаше во преодниот рок, прв е на табелата од почетокот на првенството и ако повторно не успее, тој ќе биде единствениот виновен. Повлекувањето против тимови како Вулверхемптон кога само треба да ја завршите работата стана премногу вообичаено и на крајот може да му се удри од глава.
Едноставно овој човек не знае како треба, како се освојува титула, токму затоа е паниката на „Емирејтс“.
Ако оваа сезона не успее со вакви Сити и Ливерпул, со Јунајтед кој допрва треба да се врати, со Челзи кој “поткашлува“, тогаш во наредната сезона или сезони, Арсенал со Артета нема ни да го „помириса“ врвот.

