Падна изборот: Кој е најдобриот судија во светот оваа година?

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна изборот: Кој е најдобриот судија во светот оваа година?

Францускиот фудбалски судија Клемент Турпан е прогласен за најдобар судија во светот за 2025 година, според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Тој во рангирањето доби 65 поени!

За првпат, францускиот судија, кој секогаш беше рангиран меѓу првите 10 во светот успеа да ја освои годишната награда на ова рангирање, победувајќи го минатогодишниот победник, неговиот француски колега, Франсоа Летисие, и победникот од 2022 и 2023 година, Шимон Марчињак.

Иштван Ковач и Мајкл Оливер ги комплетираат првите пет најдобри светски судии.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата