Ова го може само Ливерпул: „Црвените“ имаат победи на 60 стадиони во Англија!

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова го може само Ливерпул: „Црвените“ имаат победи на 60 стадиони во Англија!
фото: Liverpool FC (X)

Освен што оствари многу важна победа во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, екипата на Ливерпул со победата на гости кај Евертон со 2-1 запиша нов историски рекорд.

„Црвените“ станаа првиот тим во историјата на англиската елита што победил на 60 различни стадиони. Вирџил ван Дајк го постигна победничкиот гол за гостите во 100-тата минута, а тоа беше и првото „Мерсисајд дерби“ одиграно на новиот „Дикинсон Хил“ стадион на Евертон.

По овој натпревар, Евертон е на 10-то место на табелата со 47 бода, додека Ливерпул е на петтото место со 55 бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата