Остварување кое не е за пофалба: Тотенхем влезе во историјата на Премиер-лигата

8.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Остварување кое не е за пофалба: Тотенхем влезе во историјата на Премиер-лигата

Тотенхем до неодамна беше во одлична серија од седум натпревари без пораз, забележувајќи шест победи и нерешено со водечкиот Арсенал, но во последно време овој лондонски тим бележи негативни резултати и урива негативни рекорди.

Фудбалерите на овој тим зедоа само еден бод од последните пет првенствени натпревари, а на вчерашниот натпревар против Вест Хем повторно ги разочараа своите навивачи. Имаа предност и загубија со 2:1, сценарио кое веќе подолго време го повторуваат.

Статистичарите го објавија фактот дека вчера Тотенхем стана првиот клуб во историјата на Премиер-лигата кој загубил пет последователни натпревари во кои водел со 1:0. Исто така, загубил на три домашни натпревари по ред на кој водел до 1:0.

Тотенхем е петти на табелата во Премиер-лигата со скор од осум победи, три ремија и четири порази.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата