Нигерија го победи Тунис со 3:2 во 2. коло од Групата „Ц“ на Африканскиот куп на нации и со тоа како прва се пласира во следната фаза.
Лесно е да се види квалитетот што го има Нигерија на овој турнир. Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Френк Онеџака, Акор Адамс, Адемола Лукман и Виктор Осимен го започнаа натпреварот против Тунис. Офанзива што може да отклучи секоја брава.
Не гледавме многу квалитетен и интересен натпревар, особено во првото полувреме кога беше постигнат еден гол и тоа кон крајот првиот дел. Тогаш Виктор Осимен се заврте, некои би рекле спротивно на законите на физиката, и постигна гол со глава по центаршутот на Адемола Лукман.
Со почетокот на второто полувреме, видовме уште еден сличен гол, само што овој пат имаше прекин. И тој го изведе Адемола Лукман, а Вилфред Ндиди брилијантно скокна во толпата играчи и ја отскокна топката со глава за 2:0.
Потоа се чинеше дека натпреварот ќе оди во еден правец, а кога во 67-та минута, Адемола Лукман речиси влезе во голот по додавање од Виктор Осимен за 3:0. Сепак, откако успеаја да го намалат резултатот со голот на Монтасар Талби, Тунижаните внесоа драма во натпреварот, ниту по нивна вина, ниту по нивна заслуга. Добија пенал од малку несмасна реакција на Брајт Осаи-Самуел, кој играше со рака во дуелот и откако го изгледаше ВАР видеото, Траоре Бубу покажа кон пеналот во 87-та минута.
Но, Абди шутира силно со 3:2 и така добивме неизвесност. За малку ќе беше од готово па вересија. Нигерија се “тресеше“ и тоа како за победата,но на крајот сепак ги освои трите бода.

