Виктор Осимхен беше подложен на операција на раката. Напаѓачот на Галатасарај се повреди за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.
Турскиот клуб објави дека 27-годишниот нигериски фудбалер претрпел сериозна контузија на десната рака во текот на првото полувреме. Тој бил заменет на полувремето поради ризик од фрактура. По натпреварот, Осимен бил хоспитализиран под надзор на лекарите на Галатасарај со фрактура на подлактицата.
„Виктор Осимхен денес беше успешно опериран во болницата „Аџибадем“ во Маслак. Беше прегледан од докторот на нашиот клуб, д-р Јенер Инџе. Му посакуваме на нашиот играч брзо закрепнување и се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Галатасарај.

