Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ограбен домот на Џастин Клајверт, нападната и неговата девојка

26 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Холандскиот интернационалец Џастин Клајверт и неговото потесно семејство доживеаа огромна непријатност, кога неговиот дом беше ограбен и при тоа се однесени скапоцености во вредност од 200.000 евра.

Сторителите добро го планирале овој грабеж затоа што знаеле дека Клајверт воопшто не е во домот, туку е на гостување со својот тим Валенсија, а и при влезот во објектот ги исклучиле и алармите.

Притоа, нападната е девојката на Клајверт и уште една личност кој полесно се повредени.

„Напаѓачите влегле во домот  и ја нападнале девојката ка Клајверт. Таа приметила англиски акцент кај еден од тројцата напаѓачи кои ја удирале додека не кажала каде се наоѓаат вредните работи во домот. Крадците однеле, накит,часовници и пари во вредност од 200.000 евра“ – се вели во текстот на денешна Марка.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ