Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!
ФОТО: EFA/FB

Готово е, веќе нема дилеми. Селекцијата на Египет и официјално се пласира на СП 2026 кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико.

Фараоните“ денеска на гостувањето кај Џибути славеа со 0:3, и со тоа и официјално го обезбедија првото место во квалификациската група А и тоа на коло до крајот.

За овој успех секако дека најголеми заслуги има мега – ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах кој на денешниот меч во два наврати се запиша во листата на стрелците.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата