Официјално: Легендарниот Георге Хаџи повторно селектор на Романија! (ФОТО)

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Легендарниот Георге Хаџи повторно селектор на Романија! (ФОТО)
ФОТО:Facebook.com/NationalaRomanieiOfficial

Марадона од Карпатите“ или најдобриот фудбалер во историјата на Романија, Георге Хаџи, од денеска и официјално е селектор на селекцијата на неговата земја. Да потсетиме дека тој доаѓа на местото на неодамна починатиот Мирчеа Луческу а беше селектор на неколку натпревари во далечната 2001 година.

Претседателот на Романската фудбалска федерација, Разван Бурлеану, потврди дека Хаџи потпишал четиригодишен договор. Главната цел за новиот селектор е јасна – квалификации за Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Англија. Бурлеану не го криеше своето задоволство од успешното финализирање на преговорите:
“По неколку обиди да го привлечеме г-дин Хаџи да го води нашиот репрезентативен тим, денес со задоволство потврдуваме дека тој се враќа во репрезентацијата. Имаме голема доверба во овој заеднички пат.
Покрај големата цел за Евро 2028, раководството на федерацијата истакна и важни привремени задачи. Меѓу нив се освојувањето на групата во Лигата на нации, што би гарантирало место во плејофот за квалификациите за Светското првенство, како и понепосредната амбиција – победа на секој натпревар“
истакна Бурлеану.

За време на официјалната прес-конференција, Георге Хаџи покажа огромна мотивација и подготвеност за претстојниот предизвик. За него, ова не е прв пат на чело на тимот, откако веќе ја водеше Романија во 2001 година, на самиот почеток од неговата тренерска кариера.
„Кога националниот тим ве повикува, доаѓате со мислата за постигнување резултати. За мене како тренер, тоа е огромна мотивација да можам да ја направам земјата среќна. Дојдов во националниот тим затоа што сум убеден и имам храброст да верувам дека ќе постигнеме прекрасни работи. Тука сум да работам и да ја однесам Романија таму каде што сака да биде“ посочи новиот селектор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата