Официјално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)
ФОТО: FC Barcelona/X

Сега е официјално. Жоао Кансело повторно е играч на Барса. Барселона и Ал Хилал постигнаа договор за позајмица на португалскиот бек до крајот на сезоната. Тој ќе го носи дресот со број 2.
Церемонијата на потпишување се одржа попладнево во канцелариите на клубот. Португалскиот дефанзивец претходно го носеше дресот на Барселона во сезоната 2023/24, кога дојде на позајмица од Манчестер Сити. Во таа сезона одигра истакната улога, учествувајќи во 42 натпревари (32 во Ла Лига и 10 во Лигата на шампионите), постигнувајќи четири гола (два во Ла Лига и два во Лигата на шампионите) и обезбедувајќи пет асистенции (четири во Ла Лига и една во Лигата на шампионите).
Откако му заврши позајмицата на 30 јуни 2024 година, тој се пресели во Ал-Хилал, неговиот сегашен матичен клуб, каде што одигра 45 натпревари во текот на сезона и пол.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата