Објавени кандидатите за најдобар млад фудбалер на светот

8.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени кандидатите за најдобар млад  фудбалер на светот

Како што е тоа ред, како календарската година влегува во својата последна етапа, така и фудбалските награди добиваат на важност.

Денеска и официјално се објавени кандидатите за најдобар млад фудбалер на светот, а на таа листа се наоѓаат навистина фудбалерите кои што оставија огромен впечаток во изминатиот период.

Сите од нив имаат секако под 21. година, а ги предводи суперспарот на Барселона Ламин Јамал.

Следни  се Ајуб Буарди кој што летово го засили Сити, Пау Кубарси исто така од Барселона, Јан Диоманде од Реал Мадрид.

Ленарт Карл од Баерн Минхен ја менува малку физиономијата на листата, за да по него дојде Ели Жуниор Крупи од Борнмут. Јохан Мазамби од Астон Вила е уште еден претставник на Премиер лигата.

Ибрахим Маза од Баер Леверкузен влегува како од сенка, а претставник на ПСЖ е Ворен Заир Емери.

Последен, и оној кој што привлекува најголемо внимание за Балканот, е Керим Алајбеговиќ, интернационалецот од Босна кој што е дел од Јувентус.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата