Обамејанг во четири наврати го совлада голманот на Шкендија!

10.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обамејанг во четири наврати го совлада голманот на Шкендија!
ФОТО: KF Skendija/FB

Гамбија – Габон 3:4 е исходот од денешниот меч во квалфикациите за пласман на СП во Африканската зона.

Некој ќе рече ништо интересно за нас, но ако се знае дека сите четири гола за гостите беа дело на Пјер-Емерик Обамејанг а голманот на домашните беше Бабукар Гаје, чуварот на мрежата на Шкендија, е тогаш е интересно да се види за што станува збор.

Исто така интересно е тоа што Гаје на еден гол за својата селекција беше и асистент.

А треба да се каже дека славниот Обамејанг откако ги постигна тие четири голови, доби втор жолт односно црвен картон.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата