Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Нов меч, нов хет-трик за Халанд

18 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на ФА Купот откако го елиминира Барнли со 6:0. Англискиот првак повторно запиша убедлива победа, а Ерлинг Халанд по петте гола против Лајпциг, денеска постигна три против Барнли.

Норвежанецот погоди во 32, 35 и 59. минута, а два даде Алварез, а еден Палмер.

На овој меч не играше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов поради повреда.

Утре се играат останатите мечеви: Шефилд Јунајтед – Блекбурн, Брајтон-Гримзби и Манчестер Јунајтед-Фулам.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ