Иако се смета дека Шон Дајч е наследникот на Анџе Постекоглу на клупата на Нотинген Форест, сепак можни се изненадувања. Кога е во прашање контроверзниот Евангелос Маринакис, газдата на клубот, се е можно.
Па така на Островот, но и медиумите во Италија, пренесуваат дека тој пикирал двајца Италијанци и тоа Лучиано Спалети и Роберто Манчини, и двајцата се некогашни селектори на Италија, а овој вториот беше и стратег на Манчестер Сити.
Исто така се пренесува дека Спалети веднаш ја одбил понудата и тука немало преговори, додека Манчини бил контактиран од клубот и имало некои почетни разговори.