Германскиот дефанзивец Нико Шлотербек потпиша нов долгогодишен договор со Борусија Дортмунд. Младиот германец ги отфрли сите шпекулации околу неговиот престој во екипата на „милионерите“ и се „зацементира“ како еден од лидерите на овој клуб.
Шлотербек потпиша договор до 2031 година и ќе заработува околу 10 милиони евра годишно. Исто така, тој има и откупна клаузула од 60 милиони евра. 26-годишниот дефанзивец се смета за еден од најдобрите германски фудбалери во Бундеслигата и неколку европски гиганти го имаа на својот радар за ова лето. Сепак, и покрај сите шпекулации, Шлотербек нема да ја менува средината во наредниот преоден рок.

