Звучи неверојатно, но така е, барем според медиумите во Шпанија и Германија. Пред три години Роберт Левандовски направи трансфер од Баерн Минхен во Барселона. Каталонците требаше да им платат на “баварците“ 45 милиони евра и тоа на рати, нешто што е вообичаено во модерниот фудбал. Но Баерн Минхен уште ги лека парите, поточно чека 20 милиони евра од тој трансфер.
Познато е дека Барселона во последните неколку години во финансиска криза.
Но не само Баерн Минхен клуб на кој Барселона му должи. Пари од каталонците чекаат и Лидс за Рафиња и тоа 41 милиони евра, но и Севиља за Кунде и тоа 25 милиони евра.
Јасно е дека Барса кога тогаш мора да ги исплати, во спротивно се знаат правилата на УЕФА и ФИФА, па макар тоа била и Барселона.